Најпознатиот холивудски пар пред развод? Актерот имал љубовница?

417 прегледи

Последната расправија меѓу Амал и Џорџ Клуни околу посвојувањето на дете од Ирак направила проблеми во навидум совршениот брак.

После средбата со децата, бегалци во Ирак, која ја разнежни убавата адвокатка, Амал започнала да инсистира таа и нејзиниот сопруг Џорџ Клуни да посвојат едно дете.

Актерот не сака да попушти пред желбата на својата сопруга, пренесуваат странските медиуми.

Но на проблемите им нема крај. Се зборува дека Џорџ под притисок започнал да ја изневерува Амал со друга жена, па нивната караница станала уште поголема.

Иако деталите засега се непознати, се претпоставува дека нивниот однос станал многу напнат поради друга жена. И покрај претпоставките и шушкањата, парот се уште не се обратил пред јавноста.

Прашање е дали воопшто ќе ја коментираат ситуацијата бидејќи Џорџ своевремено рекол дека не сака да зборува за брак со Амал бидејќи тој никогаш не се распрашувал за животите на другите.

За потсетување, парот се венча во ептември 2014 година, а три години подоцна станаа родители.

Слични содржини