Малку луѓе во Европа имаат слушнато за ванот со име Wuling Hongguang! Но, тоа е најпродаван автомобил во Кина. За минатата година се купени 1,4 милиони автомобили од моделот, покажува анализа на AutoExpress. Експертите сметаат дека често непопуларни во Европа автомобили го заземаат челото во специфични пазари во светот. На пример во Северна Кореја најмногу продажба – цели 200 000- има Hawtai Lusheng E70, што всушност е такси.
Во латиноамериканските држави најмногу е продаван Volkswagen Gol, кој има 325 000 купувања на континентот. Во Иран најмногу баран е Samand на Iran Khodro, базиран на “Пежо” 405, кој направи неуспешен обид за пробив во Бугарија.
Но во 2014 година во неговата татковина се произведени над 100 000 автомобили, а моделот Pars, или модифициран 405, е најпродаван модел во земјата. Во Венецуела најмногу баран автомобил е Dongfeng Rich, ребрендиран “Нисан” Frontier, со 3181 продадено возила, а по него се “Митсубиши” Lancer и “Тојота” Corolla.
Како и што може да се очекува во Русија најдобро продаваниот автомобил е модел на “Лада” – Granta. Во Украина сепак најмногу бараниот автомобил веќе е кинеска – Geely Emgrand EC7 која е и најпродаваниот локален седан во татковината.
