Џина Стјуарт (51), мајка на четири деца, баба и модел од Австралија своевремено беше рангирана во топ 10 најубави жени во Австралија, на што е особено горда. Таа има над 300.000 следбеници на Инстаграм, што не е чудно ако се земе предвид дека ретко е облечена на некоја фотографија.
Taa откри дека секое утро се тушира со ледена вода.
– Тоа е одличен начин за забрзување на метаболизмот и подобрување на изгледот на кожата и косата. Со години сум страстен корисник на криотерапија (ледена терапија) и можам да препорачам секаков вид, но оваа терапија може да биде исклучително скапа. Поевтина алтернатива е ладен туш секое утро, по вообичаеното утринско туширање – рече таа и се пофали дека ја нарекуваат „најубавата баба на светот“.
Таа советуваше како да се следи нејзиниот пример.
– Прво туширајте се нормално, како што обично правите, а потоа со ладна вода 30 секунди. Идеално би било да се туширате со ледена вода две минути за целосен ефект – објаснила таа.
– Научниците пронајдоа докази дека изложувањето на студ го забрзува метаболизмот. Друга придобивка од изложувањето на телото на студ е тоа што го намалува воспалението, отокот и болката во мускулите. Затоа многу спортисти користат ледени бањи и други видови изложеност на студ како средство за забрзување на закрепнувањето после вежбање – додаде таа.