409
Латино дивите Шакира и Џенифер Лопез настапија на полувремето на Супербол одржано во неделата навечер во Мајами.
Атрактивните пејачки добија прилика да настапат на најголемото спортсто збиднување во САД, за кое полувремето е секогаш важен дел. Милиони се вртат само за реклами во овој период, хонорарите за изведувачите се вртоглави, а Шакира и Џеј Ло го заслужија секој долар од својот настап.
Првиот настап го имаше згодната Шакира. Колумбијката ја подигна атмосферата, а до врвот ја донесе Џеј Ло, која ја остаби публиката без здив, а по настапот никој не сакал да поверува дека пејачката влегува во шестата деценија од животот.
Благодарение на нив, публиката брзо ги заборавила другите изведувачи, а тоа бе Бед Бани и Џеј Балвин.