НАЈШОКАНТНАТА СЦЕНА во „And just like that“ досега: Публиката дефинитивно не беше подготвена за ова (ФОТО)

од Vladimir Zorba

Разводот на Миранда Хобс и Стив од продолжението на серијата „Сексот и градот“ е во сенка на нецензурираниот приказ на пенисот на друг главен лик. Кадарот со спуштени панталони на сопругот на Шарлот го донесе најголемиот шок во новата сезона на култната серија.

Во една сцена од последната епизода, ја гледаме Шарлот како клечи во бањата и му ги откопчува панталоните на сопругот Хари.

Во тој момент влегува нивната малолетна ќерка Лили, која исто како и гледачите на продолжението на серијата наречена „And just like that“, има можност да го види џиновскиот пенис на еден од главните актери.

Шокирана, Шарлот брзо ја затвора вратата, а следниот момент и објаснува на својата ќерка дека „го прегледала пенисот на татко и за да се увери дека нема рак“ – што дефинитивно ќе стане една од најпознатите реченици во американските ТВ серии.

„Сексот и градот“ претходно не беше навикнат да прикажува машки полови органи – освен една кратка секунда во првиот дел од филмот. Сепак, се чини, како што велат фановите, HBO го презема овој тренд од својата мегапопуларна серија „Еуфорија“, чии гледачи постојано имаат можност да се запознаат со пенисите на разни луѓе.

Разводот на Миранда со Стив е во сенка на уште една изјава на Шарлот – „Да, и понатаму орално го задоволувам мојот сопруг на педесет и повеќе години“.

Слични содржини