Во Загреб и неговата околина се одржува собир на веројатно најскапите автомобили во светот како дел од Supercar owners circle (SOC) настанот.
На овогодинешниот SOC, кој продефилира низ улиците на Загреб и до блискиот Сљеме, учествуваа 60 „убавици“.
Како што јавуваат агенциите, околу 17 часот вчера се случила бизарна сообраќајна несреќа во која учествувале Ford Fiesta и Pagani Zonda Barchetta вредна 15 милиони евра.
Истрагата е во тек, а осигурителните компании си ја чешаат главата бидејќи штетата ќе биде милионска.
Инаку, произведени се само три примероци од ова ремек дело на тркала, а еден од нив го најде своето место во гаражата на самиот Хорацио Пагани.
За погонот е одговорен 7,3-литарскиот AMG мотор кој развива над 700 КС.