Една реклама емитувана во текот на Супербол е со максимално траење од 30 секунди, а во просек тоа чини по 5,6 милиони долари од реклама.
Многу компании, продукции, поединци, политичари и брендови, кои секако, имаат пари за тоа, ја користат оваа прилика за да се испромовираат себе или својата работа.
Па така, свои „пет минути“ доби и Трамп, со две реклами, а Мајк Блумберг се појави со само една реклама. Jeep го искористија Бил Мареј во својата годинашна реклама.
https://www.youtube.com/watch?v=AnhzGUcENWo
Во рекламата за Амазон Алекса се појавуваат Елен Деџенерис и нејзината партнерка Порша де Роси.
https://www.youtube.com/watch?v=RF9t2rFmTVE
Реклами „пуштија“ и за „Fast and Furious“, „Minions“, „Black Widow“ и за претстојниот нов Бонд-филм, „No Time to Die“.
Genesis го ангажираа популарниот брачен пар Џон Леџенд и Криси Тајген, а „тежина“ додаде и неодамнешното негово прогласување за најсекси маж на планетата.
Во рекламата за Хјундаи Соната се појавија Крис Еванс, Џон Красински и Рејчел Драч, а за Доритос, Сем Елиот и Лил Нес Екс.
https://youtu.be/9OpuHa2vwdk
Особено внимание привлече рекламата за Rocket Mortgage на Quicken Loans во која се појави Џејсон Момоа.
https://www.youtube.com/watch?v=g2ERWFMLptw
Особено внимание привлече рекламата за Rocket Mortgage на Quicken Loans во која се појави Џејсон Момоа. Брајан Кренстон, ѕвездата на „Breaking Bad“, се појави во реклама имитација на „Сјаење“ на Mountain Dew.
Во продолжение погледнете компилација од 10-те најсмешни реклами на Супербол.
https://www.youtube.com/watch?v=_2IC3KBhgMw