30
Најскапиот квадратен метар стан во изминатата година е продаден за 11.811 евра во „Белград на вода“ во нова зграда, додека најголемата сума е издвоена за стан во истата населба во стара зграда е во износ од 2.575.000 евра, со површина од 342 квадратни метри, објави денес Републичкиот геодетски завод.
Најскапата куќа е продадена во Савски Венац за 4.000.000 евра, додека најскапиот гаражен простор е платен за 73.000 евра на територијата на белградската општина Врачар, според годишниот извештај за состојбата на пазарот на недвижности за 2024 година.
Најскапиот квадратен метар деловен простор е продаден на територијата на белградската општина Савски Венац за 12.969 евра, а највисоката цена постигната за деловен простор е 3.098.790 евра.