“Најскапиот” поштенски код во САД веќе не е во Силиконската долина, покажа националната статистика, цитирана од “Бизнис инсајдер”.
Во последните две години ZIP код на местото каде што живееја најбогатите Американци беше 94027 – за Атeтoн, Калифорнија. Просечната цена на имотот во Атeртoн е 5 050 000 долари. Оваа година, сепак богаташите од Силиконската долина беа претекнати од градчето Сагапонак во државата Њујорк (поштенски код – 11 962), каде имотот чини во просек 5 125 000 долари.
Меѓу оние кои живеат во Сагапонак се пејачот Били Џоел, семејството Клинтон кои го поминуваат таму својот летен одмор и милијардерот Ајра Ренер, кој изгради таму палата за 248 милиони долари со три базена и гаража за 100 автомобили. Во споредба со ова домот на оперативната директорка на “Фејсбук” Шерил Сенберг во Атертoн кој се продаде за 10 милиони долари минатата година е баш скромен, наведува весникот.
