И покрај почетната цена од повеќе од 290.000 евра, Porsche 911 S/T е многу баран производ, а многумина веруваат дека станува збор за автомобил кој ќе се најде во бројни гаражи. Сепак, среќниците кои ќе издвојат значителна сума за оваа прекрасна 911-ка, нема веднаш да станат сопственици.
Доколку се прашувате зошто е тоа така, одговорот го дава Фран Мозер, првиот човек на палетата на модели 911 и 718. Тој објасни дека сакаат да спречат понатамошна препродажба на моделот, пренесе „Index“.
„Кога беше објавен 911 S/T – одбележување на 60 години од 911 – добивме невиден интерес за автомобилот, далеку над бројот наменет за САД“, изјави Мозер за „The Drive“.
„Сакаме да обезбедиме автомобилите да бидат достапни за вистинските ентузијасти да возат и да уживаат во наредните години. Поради оваа причина, оние на кои им е доделен 911 S/T во САД ќе мора да се придржуваат до договорениот минимален период на задржување, поставен на една година. Во пракса, тоа ќе значи дека автомобилите во САД првично ќе се издаваат под закуп за тој период пред да се пренесе сопственоста“.
Првите испораки на моделот се очекуваат на пролет следната година. Да потсетиме, ова е моментално најскапото ново Porsche во гамата и воедно најпосакуваниот 911.