Синот на американскиот претседател Џо Бајден Хантер напишал мемоари наречени „Убави работи“, кои ќе бидат објавен на 6 април.
Хантер Бајден, кој често е критикуван од американските конзервативци, напиша автобиографска книга за неговата борба против злоупотребата на недозволени супстанции, наведува „Галери букс“, дел од издавачката куќа „Симон и Шустер“, која го објавува овој наслов, пренесува АП.
Книгата „Убави работи“, напишана есента 2019 година, беше скриена, дури и кога бизнисот на Бајден беше под зголемен надзор на тогашниот претседател Доналд Трамп и другите за време на изборите, а неговите финансии беа предмет на истрага од Министерството за правда.
Агенцијата наведува дека книгата била циркулирана меѓу неколку автори кои имале само пофални зборови за неа, а меѓу другите и Стивен Кинг, Дејв Егерс и Ен Лемот.
„Во неговите вознемирувачки и присилно читливи мемоари, Хантер Бајден уште еднаш докажува дека секој, дури и синот на американскиот претседател, може да вози розов коњ низ уличката на кошмарите. Бајден многу добро се сеќава на се и храбро зборува, а историвремено тоа е трогателно и впечатливо. Тој почнува со прашањетo: Каде е Хантер? Одговорот е дека во оваа книга тој е и добар и лош и убав“, пишува Кинг во својата рецензија за книгата.
Во извадок објавен од „Галери Букс“, Бајден пишува: „Јас потекнувам од семејство што го поврзуваа трагедии и исклучителна, нераскинлива љубов“.
За време на една од претседателските дебати минатата есен, Џо Бајден го бранеше својот син од нападите на Трамп.
„Мојот син, како и многу луѓе, од кои многумина знаете дома, имаше проблеми со дрогата. Тој го надмина тоа, се подобри. Тој работеше на тоа и јас сум горд на мојот син“, рече тогаш Бајден.
Хантер Бајден, кој во четвртокот наполни 51 година, е најстарото дете на претседателот, кој во 1972 година во сообраќајна несреќа ги загуби својата прва сопруга и едногодишната ќерка Наоми, а потоа и неговиот син Бо Бајден, кој почина од рак во 2015 година.
Насловот на книгата на Хантер се однесува на изразот што тој и неговиот брат го користеле во комуникацијата едни со други по неговата најтешка дијагноза и со кој тој сака да нагласи што е важно во животот, наведува агенцијата.