Најстариот син на Дејвид и Викторија Бекам, Бруклин Бекам, започна сопствено онлајн кулинарско шоу наречено „Cookin ‘With Brooklyn“.
Љубовта кон готвењето ја развил во текот на целосниот карантин, а првата епизода од кулинарското шоу ја објави на социјалните мрежи.
Во видеото, Бруклин подготвува школки, тестенини и ракови, а братот на неговата свршеница Никола Пелц – Зак и Ромео Бекам го пробуваат и коментираат за јадењето.
– Бев на Флорида и го посетив семејството на Никола во Мајами. Многу сум возбуден што готвам за Ромео и Зек. Се надевам дека еден ден ќе успеам да ги научам нешто. Навистина сакам да работам со најсвежи состојки, па отидов на локалниот семеен пазар за морска храна за да го добијам најдоброто – напиша Бруклин во описот на видеото.
Во првите сцени се гледа како Бруклин патува во Америка и учи нови готвачки вештини.
– Сè уште не сум готвач. Ова е само почеток на моето патување со храна. Сакам да правам храна за луѓето што ги сакам – рекол тој.
Ромео, откако го проба јадењето, рече дека е „во ред“, додека Зек на шега рече дека е „малку импресиониран“.