Најстудено во утрово Маврово, најтопли Дојран и Гевгелија

од Aleksandar Todeski
101 прегледи

Во Маврово утрово е најстудено, -6 степени, а максимални четири се измерени во Дојран и Гевгелија.

Според УХМР, -4 е во Крива Паланка, Берово и Крушево, -3 во Тетово, Битола и Охрид, -2 во Прилеп, Претор и Струмица, -2 во Демир Капија, Куманово и Тополчани, -1 во Штип и нула во Скопје.

Висината на снежната покривка до седум часот е 13 сантиметри во Маврови Анови, четири на Попова Шапка и еден во Лазарополе.

Времето денеска ќе биде сончево и студено со мала до умерена облачност. Од изутрина и особено долж Повардарието ќе дува умерен до повремено засилен претежно северен ветер. Максималната температура ќе биде во интервал од 3 до 11 степени.

Во Скопје сончево со мала до умерена облачност и со умерен до повремено засилен северен ветер. Максималната температура ќе достигне до 5 степени.

Слични содржини