Најтесната уличка во Прага е толку мала што си има семафор за пешаците, бидејќи нема како двајца луѓе да се разминат, без да се судрат еден во друг.e81037dafffb4fb4024bb136d9939c26

Предметната “улица” се наоѓа во срцето на најстариот кварт на чешката престолнина, историската “Мала Страна”.

Оваа невозможно тесна улица, освен семафор си има и име кое е “Винарија Сертовка”. Таа е широка 50 сантиметри, а е долга околу 10 метри, што се наоѓа прилично блиску до “Карловиот мост”.

Улицата се состои од неколку камени скали, а на двата нејзини краја има монтирани семафори, кои сигнализираат кога улицата е слободна или зафатена.

Повеќето луѓе кои минуваат по оваа уличка се туристи и ова им е омилено место за фотографии.

Според блискиот до улицата ресторан “Certovka” еднаш еден прилично полн германски турист се заглавил меѓу ѕидовите на учичката и персоналот на локалот му помогнал да излезе, го бутнал надолу.

Погледнете фотографии од оваа улица во Прага во галеријата.