386
Доколку некогаш сте се прашувале како мириса ѕвездата на Самрак и идниот Бетмен, овој одговор најверојатно, никогаш не го очекувавте.
Имено, како што открил во интервју за Allure, Роберт Патисон често добива коментари дека мириса како боички.
Иако веќе седум години е заштитно лице на парфемот Dior Homme, актерот во истото интервју изјавил дека ретко носи парфем, а во ситуациите кога го носи сите му велат дека мириса како дрво, иако ни сам не знае што тоа точно значи.
Покрај тоа, тој додал дека омилен мирис му е “оној кој човекот го има кога ќе се заљуби“ и дека не може да поднесе мирис на запалена коса.
Инаку Патисон, според британскиот естетски хирург Џулијан Де Силва, е прогласен за најубав маж на светот.