Најуникатниот филмски сет за „Дракула“

од Vladimir Zorba
123 прегледи

Визуелниот арт дизајн на еден од најуникатните филмови посветени на легендата „Дракула“(1992 година)  е филмот режиран од авторот Франсис Форд Копола. Инзворедниот сет плени со артистични сцени кои не ја воведуваат публиката во мрачниот светоглед на небитието, туку со еден софистициран и алузивен приказ, дејството доловува една романтична приказна, неинтуитивна за суштествување на обичниот човек. Костимографијата изобилува со автентични испреплетувања на урбаниот и современиот концепт за модата помешан со архаична готика. Сетот на игра е оплеменет со различни детали, каде доминира црвена боја која создава нетрпливост и целосна мистерија.