Најважниот стратег на ИД – офицер на Садам

од desk3
125 прегледи

Поранешен армиски офицер на соборениот ирачки диктатор Садам Хусеин бил најважниот стратег на Исламската држава кога џихадистичката група ја презеде контролата над северна Сирија, пишува германското списание “Шпигел”, цитирано од Франс прес.

Saddam_Hussein_1982

Самир Абд Мухамед ал Хлифауи, со прекарот Хаџи Бакр, поранешен полковник на тајните служби на армијата на Садам Хусеин, бил член на воениот совет на ИД. Тој бил убиен во јануари 2014 година од борци на опозициската Слободна сириска армија во Тал Рифат, во северна Сирија, пишува “Шпигел”.

Списанието добило од сириски бунтовници во Алепо документи од триесетина страници, напишани од Бакр. Тие содржат програма за воспоставување на калифат во северна Сирија, распоред за убиства, киднапирања, имплементација на шпионски групи во населените места и подготовка за преземање на власта.

Според “Шпигел” Бакр останал без работа по распуштањето во 2003 година на армијата на Садам Хусеин од назначувањето од САД на новиот администратор на Ирак Пол Бремер. Подоцна тој се сретнал со еден од водачите на Ал Каеда – Абу Мусаб ал Заркави, убиен во 2006 година, а во периодот 2006-2008 година поминал две години во американски затвори, вклучувајќи во Абу Граиб во Багдад. Потоа “сивиот кардинал” Хаџи Бакр, наречен од “Шпигел” најважниот стратег на Исламската држава, скроиле заговор со група поранешни офицери од ирачката разузнавање, за да биде издигнат Абу Бакр ал Багдади за возач на Исламска држава и да и се придидаде верски изглед.

Сведок на овие настани тврди пред германското списание дека Хаџи Бакр по убедувања не бил исламист, туку националист, кој ја користел религијата како средство за постигнување на одредени цели.

“Тој беше исклучително интелигентен, решителен и одличен стратег”, додал сведокот.

ИД го прогласи во јуни 2014 година “исламскиот калифат” во заземени од неа територии во Сирија и Ирак, потсетува АФП.