НАЈВКУСНИ КИФЛИ БЕЗ БЕЛО БРАШНЕ И МАСЛО: Тестото останува свежо со денови, а може да се јадат без грижа на совест

од Vladimir Zorba
368 прегледи

Кифличките се омилени на многумина од нас, ги комбинираме со разни салати и јадења, но се одличен избор и за појадок или вечера – особено оние без бело брашно.

Ќе се изненадите од феноменалниот вкус, но и од тоа колку можат да ве заситат, па затоа се идеални доколку сте на диета и сакате да ги изгубите вишокот килограми.

Ви пренесуваме рецепт за таканаречени кето кифлички кои можете да ги јадете без грижа на совест!

Потребни состојки:

60 грама бадемово брашно
2 цели јајца
200 грама моцарела
1 лажичка прашок за пециво
сол по вкус
сусам за посипување

Начин на подготовка:

Прво измешајте ги бадемовото брашно, прашокот за пециво и солта. Потоа додадете ги јајцата и моцарелата која веќе е стопено во микробранова печка. Тестото убаво измешајте го, додека не стане еластично. Завиткајте со проѕирна фолија и оставете 15 минути.

Потоа развлечете го во круг, па исечете го на триаголници и завиткајте ги кифличките. Можете да ги наполните со што сакате – од шунка, филе, кулен, спанаќ, слатка павлака, џем итн.

Обложете плех со хартија за печење и наредете ги кифличките, па премачкајте ги со изматено јајце и посипете ги со сусам. Печете ги во рерна загреана на 200 степени околу 15 до 20 минути.

На здравје!

Слични содржини