Супата се смета за толку старо јадење, колку што трае историјата на кулинарството. Во времињата кога храната била ретка, а состојките биле тешки за набавување, таа била брз и евтин начин за ситост.22743_l

Потечната варијанта на овесна каша се смета за предокот на супата. Житните култури, ослободуваат скроб и помагаат таа да се згусне. Историчарите веруваат дека првите супи почнале да се сервираат во 18-тиот век, во јавни установи во Париз, објавија од foodpanda.

Секоја култура има сопствена варијација на супи, а се користат различни производи. Еве и кои се најпопуларните и вкусни супи во светот.

Шпанија – традиционалната шпанска супа се нарекува гаспачо и претставува ладна доматна супа.image

Русија – најпознатата руска супа е Борш. Распространето е дека Украина е земјата од која потекнува borscht, но оваа супа е популарна и во други земји. Во Русија се подготвува од цвекло, месо и зелка.

Италија – минестроне е најпопуларната супа во Италија. Според оригиналниот рецепт таа е топла и се прави само од различни видови на зеленчук.

Тајланд – најпопуларната супа е пилешката која е прелиена со нискомаслено кокосово млеко.polevka_otvirak

Франција – ако сте планирале патување до Франција, тогаш сигурно треба да ја пробате француската кромид-супа.

Виетнам- традиционалната виетнамска супа, се прави од остатоци свинско месо, пченка и друг зеленчук.

Грција – најпознатата супа е лимонската. Таа се прави од сварено пилешко, цели парчиња лимони и копар.

Слични содржини