„Најзлобното смеење што сум го слушнал“: Еве како Лиам Пејн се запознал со Пи Диди

од Nikola Popovski
101 прегледи

На социјалните мрежи се шири интервју на починатиот Лиам Пејн од 2017 година кога зборува за неговото познанство со неодамна уапсениот рапер Пи Диди.

Завчера цел свет го растажи веста откако во Аргентина трагично загина поранешниот член на групата „One Direction“, паѓајќи од третиот кат од хотелот каде што престојувал.

Поради тоа во текот на вчерашниот ден постојано се зборуваше за неговиот живот, а сега се појави и снимка од неговото интервју од 2017 година.

Лијам тогаш говорел за средбата со Диди, кого го запознал на една забава, а го опишал и моментот кога се ракувале за првпат.

„Отидов да разговарам со него и Џеј Зи и додека му се ракував, тој само се насмеа… Го имаше најзлобното смеење што некогаш сум ја слушнал. Така што малку се плашам од тој човек“, изјавил Пејн во емисијата „Graham Norton“.

Да потсетиме, Пи Диди е во затвор поради многубројни обвиненија за рекет, макро и сексуална експлоатација, а неговото судење е закажано за 5 мај следната година.

Слични содржини