200
Сообраќајот на државните патишта се одвива тековно во зимски услови, по наместа влажни коловози. Намалена видливост поради магла до 100 метри има кај Сарамзалино, информираат од ЈП Македонијапат.
Оттаму посочуваат дека по усеците и клисурите можна е појава на поситни одрони кои редовно се чистат.
ЈП Македонијапат апелира на внимателно управување со возилата, почитување на поставената сообраќајна сигнализација, како и прилагодување на брзината спрема условите на патот.