Намалена видливост поради магла на превојот Ѓавато, сообраќајот се одвива по зимски услови

од Milan1
15 прегледи

Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по претежно влажни коловози, соопшти Македонијапат. Според извештајот од 18 часот, намалена видливост поради магла до 100 метри има на планинскиот превој Ѓавато.

Јавното претпријатие информира дека на одредени патни правци кои поминуват низ клисури и усеци е можна појава на поситни одрони и апелира на внимателно управување со возилата, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и прилагодување на брзината кон условите на патот.

Слични содржини