Цените во земјоделството во декември 2025 година, во однос на истиот период од претходната година, се намалени за 1.1 % кај инпутот и за 4.7 % кај аутпутот, објави денеска Државниот авод за статистика.
Цените во земјоделството во декември 2025 година, споредени со цените во декември 2024 година, бележат намалување кај аутпутот и кај инпутот.
Во делот инпут, во декември 2025 година, во споредба со декември 2024 година, има намалување на цените на инпут 1 (тековно потрошени средства во земјоделството) за 1.6 %, а зголемување на цените на инпут 2 (средства наменети за инвестиции во земјоделството) за 4.0 %.
Во делот аутпут, во декември 2025 година, во споредба со декември 2024 година, цените на растителното производство се намалени за 7.1 %, а цените на добиточното производство се зголемени за 2.4 %.
Цените во земјоделството во декември 2025 година, во однос на декември 2024 година, се промениле за:
* -7.1 % кај растителното производство
* +2.4 % кај добиточното производство кај аутпутот
* -1.6 % кај тековно потрошените средства во земјоделствотo
* +4.0 % кај средствата наменети за инвестиции во земјоделството кај инпутот