Намалувањето на акцизата за бензинот и дизелот меѓу популизмот и еколошки имапкт

од Destan Jonuzi
249 прегледи

Намалувањето на акцизата значи и намалување на приходите во буџетот, тоа е популистичка мерка, вели во изјава за „Локално“, економскиот експерт Џевдет Хајредини коментирајќи го предлогот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ за намалување на акцизите за бензинот и дизелот за 50 отсто, како и намалување на акцизите за течниот природен гас.

Џевдет Хајредини

– Намалувањето на акцизата не решава ништо, цените забрзано растат. Намалувањето на акцизата значи и намалување на приходите во буџетот. Тоа е популистичка мерка која ќе го зголеми буџетскиот дефицит. Намалувањето на акцизата нема никакво влијание врз благосостојбата на граѓаните, освен што е популистичка мерка, изјави Хајредини за „Локално“.

Додека, според економскиот екпсерт Павле Гацов предложената мерка има еколошки имапкт.

Павле Гацов

Павле Гацов

– Мерката е во насока на кризната состојба. Со ќе се влијае на намалување на цената на ТНГ во насока на заштита на животниот стандард на граѓаните што возат возила што користат ваков енергенс и ќе стимулира преоѓање на овој еколошки енергенс кај оние кои користат фозилни горива за возилата. Мерката е таргетирана и има еколошки имапкт, изјави Гацов за „Локално“.

ВМРО-ДПМНЕ предлага намалување на акцизите за бензинот и дизелот за 50 отсто, како и намалување на акцизите за течниот природен гас. Со тоа, литар бензин би чинел 11, односно 13 денари помалку, а литар дизел 8, односно 9,5 денари поевтино.

Од ова партија велат дека ова е конкретна мерка за помош на граѓаните и компаниите, бидејќи високата цена на горивата ги поскапува другите производи, услугите и транспортните трошоци.

Од друга страна, едногласно, но само со гласовите на пратениците од мнозинството, дополнет е Законот за задолжителни нафтени резерви. Тој овозможува нафтени деривати од резервите да се отстапат без надомест или со краткорочни позајмици на јавни претпријатија што вршат енергетска дејност.

Законот нагласува дека резервите може да се користат кога постои итна потреба во снабдување со топлинска енергија во Град Скопје и електрична енергија во цела држава при прогласена кризна состојба. Може да се отстапат до 50 одсто од складираните количини на секој нафтен дериват одделно.

Д.Ј.

Слични содржини