Намерно му оставаат пилешко и слатки, додека штрајкува со глад: Навални во се потешка состојба

385 прегледи

Здравствената состојба на рускиот опозициски политичар Алексеј Навални се влошува и тој почнува да го губи чувството во рацете и нозете, изјави неговиот адвокат Вадим Кобзев.

Навални започна штрајк со глад минатата недела барајќи медицински третман за болка во грбот и нозете.

“Алексеј може да оди сам. Чувствува болка при одење. Загрижувачки е затоа што болеста очигледно напредува бидејќи го губи чувството на нозете, дланките и зглобовите”, напиша адвокатот на Твитер.

На Навални, кој издржува затворска казна, му биле дијагностицирани две хернии на дискови, изјави Кобзев, пренесува BBC.

Кобзев додаде дека температурата на Навални често варира и дека поради штрајкот со глад изгубил многу килограми.

Навални на својот Инстаграм изјави дека полицијата се обидува да го испровоцира оставајќи печено пиле и слатки во близина, додека тој штрајкува со глад.

Слични содржини