Неделникот „Република“ денеска објави анкетата на Брима Галуп .Обајавата предизвика партиски препукувања.
Според анкетата се прогнозира убедлива победа на ВМРО-ДПМНЕ и Никола Груевски.
СДСМ реагираше преку партиско соопштение, во кое се вели:
„Огромната, растечка поддршка на граѓаните за СДСМ и за лидерот Зоран Заев предизвикува голема нервоза и панични реакции кај Никола Груевски. Како што се намалува поддршката од граѓаните за Никола Груевски така му се потребни се поголеми нарачани бројки во анкетите.
Ниту анкета од 102% нема да го спаси Никола Груевски од пораз и одговорност за целокупниот криминал и корупција во изминатите 10 години“
Спасовски – Квалитетна, а не брза истрага за фалсификуваните лични карти
Во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ се вели:
„Хаосот во редовите на СДСМ е се повидлив. Откако видовме дека веќе незнаат што говорат, сега гледаме дека не знаат ни што пишуваат. СДСМ се очигледно затворени во некој свој свет и немаат контакт со реалноста и веруваат само на рејтинзите на партискиот институт Прогрес. СДСМ не сака да го види тоа што и граѓаните и реномираните рејтинг агенции им го кажуваат. Ако пред некое време виновна за катастрофалниот рејтинг им беше реномираната ИРИ, денес за тоа е виновна и реномираната Брима Галуп“, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
