Наместо притвор, судот одлучил 20-годишникот кој ја прегази Фросина да оди во поправен дом

од Milan1
70 прегледи

Јавното обвинителство се огласи по објавите во некои медиуми за претходни дела на 20-годишниот возач, осомничен за синоќешната сообраќајна несреќа на булевар „Партизански одреди“ во Скопје, во која животот го загуби 22-годишната Фросина Кулакова од Неготино.

– ОЈО Скопје поднесе обвинение со предлог за продолжување на мерката притвор која по предлог на обвинителството беше определена од самиот старт на постапката, и тоа за две кривични дела од член 215 од Кривичниот законик – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори.

Основниот кривичен суд Скопје донесе пресуда со која на обвинетиот му изрече – заводска мерка упатување во воспитно -поправен дом Тетово, третирајќи го сторителот како помлад полнолетник.

Во текот на целата постапка, токму по предлог на јавниот обвинител лицето беше во притвор, а при изрекување на пресудата Судот ја укина притворската мерка за обезбедување.

Незадоволен од пресудата, имајќи го притоа предвид и претходното поведение на сторителот, јавниот обвинител вложи жалба и предметот е во жалбена постапка, истакнуваат од Обвинителството.

Слични содржини