Во Високиот Суд во Пожаревац минатата недела се одржа рочиште за 30-годишниот А.С. кој под дејство на алкохол со автомобил удри во автомобилот на 25-годишниот Филип Вуколиќ и 23-годишната Јована Цвијовиќ, кои за жал починаа од здобиените повреди, на 18 мај минатата година.
Возачот на автомобилот марка БМВ, под дејство на алкохол и со голема брзина, се заби во автомобилот марка Фиат Пунто, каде бил младиот пар. Тој дента бил на свадба и иако младенците организирале превоз, седнал зад воланот и направил сообраќајка која заврши фатално.
Во крвта имал 2,63 промили алкохол, вели извор за српскиот Курир.
Филип и Јована биле верени, а непосредно пред трагедијата, почнале да живеат заедно. Јована конкурирала за полицаец, но не успела да отиде на првиот работен ден