Во еден “паметен” прстен може да зачувате информации за вашите кредитни картички, кориснички имиња и лозинки за сајтови и клучеви.
“Паметни” прстени – тоа не е нова идеја. Еден биометриски прстен може да се користи за многу различни нешта – од отворање на влезната врата на куќа или стан, стартување на автомобил, па се до уплатата и влез во компјутер. 
Идејата не е уште масовно достапна, бидејќи досегашните компании, кои се обидуваа да направат таков апарат, не најдоа заеднички јазик со големите компании како MasterCard, Microsoft, Visa.
Авторите на последната идеја сепак се друга приказна – тие самите се големи. HID е компанија која е одговорна за речиси 80 отсто од т.н. без клуч (keyless) системи за безбедност. Дури и читачите на карти во канцеларии, кои не се направени од HID, најверојатно користат некој од нивните протоколи, што значи дека чиповите можат лесно да бидат дефинирани како карта за влез. Во случајот информациите за корисникот не се на карта, туку на прстен.

Во прстенот на HID можете да зачувате информации за вашата кредитна картичка, кориснички имиња и лозинки, а со помош на апликација е можно да додадете нови информации.
Прстенот го потврдува идентитетот на корисникот со помош на скенер за отпечатоци, кој се наоѓа на внатрешната страна. Односно уште пред да се стави прстенот на прстот е потребно да се провери со отпечаток. Потоа инфрацрвен оптички сензор следи дали прстенот останува на прстот од тоа лице. При секое ново ставање на прстенот е потребно корисникот да го потврди идентитетот со помош на скенер.
Прстенот е со површина за безжично полнење и LED црвена светлина која дава сигнал кога енергијата падне под 30%. Батеријата на овој прстен може да издржи до три недели.
Прстенот, природно е водоотпорен. По договор со MasterCard тој веќе може да се користи и при плаќање во продавница. Најголемиот проблем на овој уред е неговата цена. Најевтиниот модел чини 249 долари. Има и поскап – со 14-каратно розово злато и црна родиум. Чини 299 американски долари.