Наоми Кембел фотографирана пред еден месец: Дали воопшто била бремена? (ФОТО)

од Stefanija Kuzmanovska
441 прегледи

50-годишната Наоми Кембел преку Инстаграм објави дека го добила своето прво дете.

Она што ги заинтригира нејзините обожаватели е дали таа посвоила бебе, го добила со помош на сурогат мајка или била бремена.

Меѓутоа, Наоми беше фотографирана во Сохо, Њујорк на 22 април во опуштено издание, а на тие фотографии манекенката воопшто не изгледа бремена.

Таа беше фотографирана во разнобојна тренерка, рамни длабоки патики, а носеше и маска. Носеше црна чанта, а можеше да се забележи и прстен со голем дијамант.

Според странските медиуми, британската манекенка живее во Њујорк и има момче со кое ќе го израсне детето.

Слични содржини