Наоми Кембел ги остави цигарите, па откри што ѝ помага

од Stefanija Kuzmanovska
365 прегледи

Наоми Кембел донесе новогодишна одлука – престанува да пуши. Сепак, како што многу зависници од никотин знаат добро – полесно е да се каже отколку да се направи.

Познатата манекенка го пронашла својот метод на помагање за да си помогне себе 21 ден, колку што смета дека на телото му е потребно за да се исчисти од никотин. Имено, Наоми секој ден плива во океанот.

„Престанав да пушам на постара возраст. Секое попладне одам да пливам во океанот еден час или два или само седам во него. Ми помага да ги исчистам белите дробови, бидејќи на телото му требаат 21 ден да се ослободи од целиот никотин“, рече 50-годишната Наоми Кембел.

Моделот неколку пати се обиде да се откаже од пушењето. Пробала никотински фластери и дури и дала шанса на хипноза, но досега ништо не ѝ помогнало.

Слични содржини