Наоми Кембел, познатата 53-годишна манекенка на Инстаграм ја објави веста која веднаш привлече големо внимание кај нејзините пријатели и следбеници. На фотографијата на која Наоми објави дека стана мајка на мало момче, може да се види Наоми како го лулка момчето додека нејзината двегодишна ќерка го држи за рака.
„Мое малечко, знај дека си сакан неизмерно и опкружен со љубов од моментот кога нè краси со твоето присуство. Вистински дар од Бога, благословен! Добредојде момче. Никогаш не е доцна да станеш мајка“, напиша Наоми во својата објава.
Објавата на Наоми, која беше огромно изненадување за многумина, доаѓа откако таа го дочека своето прво дете, ќерка, во мај 2021 година.
Наоми ги запрепасти обожавателите со објавувањето на раѓањето на своето дете, само неколку недели откако се појави на пистата на модната недела во Њујорк без видлив стомак.