620
Една од најпознатите супермодели на сите времиња, Наоми Кембел објави на Инстаграм дека стана мајка на 50 години.
Таа сподели фотографија на која се гледа како ги држи стапалата на бебето во раката.
„Прекрасен, мал благослов ме избра мене да бидам нејзина мајка. Толку ми е чест што ја имам оваа нежна душа во мојот живот, нема зборови да ја опишам врската што сега ја споделувам со мојот ангел. Нема поголема љубов од оваа“, напиша Наоми Кембел.
Претходно, таа истакна дека сака да стане мајка.
Таа разговараше со новинар на „Метро“ за биолошкиот притисок врз жените да имаат деца, па рече: „Сега кога науката напредуваше, мислам дека можам да го сторам тоа кога сакам“.