Едно лице е рането денес во напад со нож на аеродромот во Дизелдорф, а осомничениот е во бегство.
Според германските медиуми, нападот се случил на паркингот на аеродромот, а жртвата на нападот била пренесена во болница.
Мотивот засега не е познат, посочува германскиот магазин Фокус.
Како што јавува „Спутник“, и федералната и локалната полиција трагаат по сторителот.
Властите соопштија дека безбедносните камери ги снимиле двајцата мажи како одат кон дел од паркингот кога се случил нападот.
One Person Injured in Knife Attack at #Dusseldorf Airport
"The incident involves a homeless person in the parking area", a spokesman for the Dusseldorf police said in a separate statement.#Germany
https://t.co/X3LqV9tmLE via @SputnikInt pic.twitter.com/6lnYTRYBb6— 🌎 Sarwar 🌐 (@ferozwala) July 6, 2021