Напад на складиште за нафта во рускиот град Белгород, наводно од украински хеликоптери

од Vladimir Zorba
323 прегледи

Регионалниот гувернер на рускиот град Белгород ги обвини украинските воени хеликоптери за напад на складиштето за нафта во градот.

Вјачеслав Гладков на својот канал Телеграм во петокот наутро изјави дека пожарот бил предизвикан од воздушни напади на два украински хеликоптери.

Тој претходно изјави дека две лица се повредени, но не се во животна опасност.

Жителите на околните улици беа евакуирани додека пожарникарите го гаснеа пожарот.

Белгород се наоѓа северно од границата со Украина, јавува Би-Би-Си.

Слични содржини