НАПАД ВО ГЕРМАНИЈА: Неколку лица избодени со нож во Оберхаузен, полицијата уапси осомничен

од Vladimir Zorba
233 прегледи

Неколку лица се повредени во напад со нож во германскиот град Оберхаузен, јави „ВАЦ“ повикувајќи се на локалната полициска администрација.

Се наведува дека повредените се пренесени на одделот за интензивна нега во болница. Сторителот, кој, според извештајот, во моментов е во притвор, исто така бил повреден и му била укажана лекарска помош.

„Како што стојат работите во моментов, претпоставуваме дека на повредените раните им биле нанесени со нож“, изјави за „ВАЦ“ портпаролот на полицијата Кристоф Викхорст.

Мотивите зад нападот остануваат нејасни, а точниот број на повредени исто така не е детално наведен во извештајот.