314
Полицијата повикала на разговор бидејќи вчера се однесувал агресивно во гостиварската Општа болница и нападнал медицинско лице.
„На 08.03.2021 околу 15:00 часот во гостиварската општа болница „Ферид Мурад“ за укажување на лекарска помош била примена И.Р.(78) од гостиварско Сенокосе, која за кратко време починала на Интерното одделение.Според пријавеното, набргу потоа, нејзиниот син Б.Р.(51) физички нападнал вработена во ова одделение, а оштетил и дел од инвентарот“, информира портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифоски.
Увид извршила екипа од Одделението за внатрешни работи Гостивар и се преземаат мерки за расчистување на случајот.