Нападнат полицаец на „Табановце“

од Nikola Popovski
292 прегледи

Полицијата информира дека синоќа скопјанец бил приведен затоа што нападнал полициски службеник на ГП „Табановце“.

„На 11.05.2022 во 19.20 часот на Граничен премин Табановце, полициски службеници го лишиле од слобода С.В.(49) од с.Радишани, скопско, затоа што физички нападнал полициски службеник кој извршувал службени дејствија.

Лицето било предадено на полициски службеници од СВР Куманово за понатамошна постапка и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок“, стои во полицискиот билтен.

Слични содржини