157
Пол Пелоси, сопругот на претседателката на американскиот Претставнички дом Ненси Пелоси, рано утринава бил насилно нападнат од провалник кој упаднал во резиденцијата на парот во Сан Франциско, објави кабинетот на претседателката на Претставничкиот дом на САД.
Од кабинетот на Ненси Пелоси соопштија дека по нападот нејзиниот сопруг бил пренесен во болница и се очекува целосно да закрепне. Ненси Пелоси не била дома во моментот на нападот.