Нападнат српскиот министер за култура: Синоќа непознато лице ме нападна од зад грб

од Milan1
32 прегледи

Министерот за култура Никола Селаковиќ денеска изјави дека се чувствува добро, откако синоќа непознато лице, како што изјави, го нападнало одзади и го удрило во главата.

„Одев од станот во кој живеам со моето семејство за да ги посетам моите родители, беше околу 22 часот. Човекот ме навредуваше, ме пцуеше, зборуваше како ќе нè набие на кол, кога велам на нас мислам на нас членовите на СНС, како што се изразуваше со вулгарни и непристојни изрази. Кога се свртев за да разговарам со него ме удри и избега“, рече Селаковиќ.

Селаковиќ додаде дека бил удрен во главата на левата страна од носот, каде што имал и расекотина во пределот на левата слепоочница. После тоа, како што изјави, отишол во полиција да го пријави случајот.

Слични содржини