МВР информира дека дошло до физички инцидент во комплексот клиники откако две лица се впуштиле во расправија со вработена, од засега непознати причини.
На 04.05.2022 во 11.50 часот во СВР Скопје, М.К.(18) од Скопје пријавила дека во Комплекс клиники „Мајка Тереза“, по претходна вербална расправија, била физички нападната од две лица додека била на работното место.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.