Нападната амбасадата на Белорусија во Хаг, испратена порака до Лукашенко (ВИДЕО)

од Nikola Popovski
309 прегледи

Амбасадата на Белорусија била нападната во Хаг, пренесува „РИА Новости“.

Како што информираат извори кои работат директно во ова белоруско дипломатско претставништво, скршени се прозорците, а со црвена и црна боја биле испишани графити по ѕидовите на објектот.

Полицијата успеала да фати еден од осомничените, а на местото на инцидентот се наоѓаат и припадници на државните служби. Вработените во амбасадата моментално ги чистат ѕидовите на графитите.

На ѕидовите на амбасадата е оставен и натпис: „Лука – терорист“, пренесува „РТ Балкан“.

Амбасадата на Белорусија во Холандија засега одбива да даде официјален коментар за целата ситуација.

Министерството за надворешни работи на Белорусија потврди дека дошло до инцидент.

Слични содржини