Нападната американска воена база во близина на нафтено поле во Сирија

од Radmila Tasevska
194 прегледи

Американската воена база во Сирија денеска е нападната со проектили, јавија сириските медиуми.

Базата се наоѓа во близина на нафтеното поле Ел Омар во источна Сирија. Според очевидци, неколку силни експлозии го потресоа американскиот воен објект, јавува радио станицата Шам.

Претходно, друга американска воена база беше нападната во близина на нафтеното поле Ел Џабса во североисточна Сирија, а одговорноста за нападот ја презеде шиитската милитантна група Исламски отпор во Ирак, објави ТВ каналот Ал Мајадин.

Слични содржини