Американската воена база „Анакостија Болинг“ го вклучи алармот поради потенцијален вооружен напаѓач што влегол во неа. Од воената база ги предупредиле оние што се во неа да се скријат и да се подготват за борбата доколку е потребно
„Заклучување, заклучување, заклучување. Има потенцијално вооружена личност во базата. Ако ја сретнете, бегајте. Ако не, скријте се. Барикадирајте ја вратата, исклучете ги светлата и ѕвоното на телефоните и молчете. Ако се криете, бидете подготвени и да се борите“, објавено е на страницата на базата на Фејсбук.
Потоа беше објавено дека станува збор за двајца Афроамериканци, и беше наведено дека персоналот на базата не треба да ги бара, туку да ги пријави во службата за безбедност.
Воената база Анакостија Болинг се наоѓа во Вашингтон и во неа се сместени околу 17.000 војници и цивили. Исто така е седиште на Американската одбранбена разузнавачка агенција.