Нападнати сопружници на паркинг, ограбен локал, инциденти во скопски Аеродром

од Milan1
39 прегледи

Три инциденти регистрирала полицијата, во текот на вчерашниот ден, во скопската општина Аеродром. Според информациите на МВР, нападнат бил 19-годишник во кафуле од страна на 30-годишен скопјанец.

Физички нападнати биле и сопружници среде бел ден на паркинг.

„Б.Д.(65) од Скопје пријавила дека околу 12.30 часот на паркинг простор на подрачјето на општина Аеродром, таа и нејзиниот сопруг П.Д.(69) биле физички нападнати од Б.Н.(39) од Скопје. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок“, велат од МВР.

Истиот ден имало и грабеж од угостителски објект, кога непознат сторител со употреба на физичка сила и погоден алат од објектот одзел роба, пари и други предмети.

Слични содржини