361
Во Полициската канцеларија Градско претпладнево на службен разговор бил повикан 33 годишниот П.А. од Градско затоа што синоќа во 19.00 часот на ул.„Александар Македонски“ во Градско физички го нападнал 31 годишниот Д.С. од Градско, кој лепел плакати од кандидат за градоначалник, информира Верољуб Додевски портпарол на СВР Велес.
Додевски најави дека по целосно документирање на случајот против П.А. ќе биде поднесена соодветна пријава.