311
Од МВР информираат дека вработено лице во Градската општа болница „8 Септември“ било физички нападнато на работното место.
„Вчера во 11.30 часот С.С.(34) од Скопје пријавила дека на 13.11.2020 околу 10.30 часот во Градската општа болница „8 Септември“, додека извршувала работни задачи во амбуланта во рамки на Ковид центарот, била физички нападната од едно лице“, стои во полицискиот билтен на МВР.
Се работи на расчистување на случајот.