Нападот со дрон предизвика застој на аеродромот Внуково во Москва

од Stefanija Kuzmanovska
302 прегледи

Руското министерство за одбрана соопшти дека Украина во вторникот ја нападнала Москва со беспилотни летала, поради што биле пренасочени летовите од меѓународниот аеродром Внуково, јавува Би-би-си.

Пет беспилотни летала наводно биле користени во нападот во вторникот, чија цел биле локации во поширокиот регион околу руската престолнина.

Министерството соопшти дека сите беспилотни летала се соборени и дека нема жртви или штети.

Украина не ја презеде одговорноста за нападот.

Ограничувањата на аеродромот Внуково, еден од трите меѓународни аеродроми во Москва, сега се укинати. Нападот влијаеше на летовите од Турција, Обединетите Арапски Емирати и Египет.

Руската новинска агенција ТАСС пишува дека Внуково ги прекина летовите речиси три часа и дека вкупно 16 летови се пренасочени кон други московски аеродроми чија работа не била загрозена.

Руското министерство соопшти дека четири беспилотни летала биле соборени од противвоздушна одбрана, а петтиот е запрен по електронски пат, пишува Би-Би-Си.

„Обидот на режимот во Киев да нападне зона во која се наоѓа цивилна инфраструктура, вклучително и аеродром што прима меѓународни летови, е нов чин на тероризам“, рече портпаролката на министерството за надворешни работи, Марија Захарова на Телеграм.

Слични содржини