Нападот во Ница не е трагедија – трагедија е Европа

од Vladimir Zorba
83 прегледи

Не успехот на интеграцијата е факт, особено во Франција, но сите ги затвораат очите.

1468593880-1

Ако нешто ужасно се случи еднаш, може да е трагедија. Но, кога ќе почне да се случува по десет пати во годината, веќе е секојдневие.
А, во Европа е токму така, нападите не запираат. Само во Франција веќе се убиени стотици, а тоа е војна. Војната, исто така, може да е трагична, особено за губитничката страна. И како што гласи стариот виц, Меркел и Оланд ќе се борат до последниот Французин, пишува “хипотеза”.

Бидејќи оваа политика на Европа, предводена од нив, не донесе до тука. Сите приказни за прекрасните емигранти, судењето над германскиот комичар, бидејќи се осмели да направи шега со Ердоган, цензурата во Келн, кога стотици жени беа нападнати, а германската печат и полиција молчеше – целиот пристап на Меркел кон темата е погрешна.

И бидејќи Германија е лидер во Европа, таа го наметнува овој пристап во остатокот на Унијата. А Оланд е безимен заедно со службениците на Европа. Размавнува прст на Вишеградската четворка дека не сакаат бегалци.

Се гневаат на Полјаците, а се караат и со Орбан, нудеа дури по 150 000 евра глоба за секој пропуштени емигрант. Ја здробија Грција, ја доверија безбедност на Турција, која и се заканува на Британија со одмазда за заминувањето.

Не успехот на интеграцијата е факт, особено во Франција, но сите ги затвораат очите. Ако терористите се локални, викаат: видовте ли, не се виновни бегалците. Како аргументот дека третата генерација емиграција се фанатици, тоа дава причина да мислиме дека штотуку дојдените ќе се ангели.

Одбивањето од европските вредности стана државна политика, особено во Европа е срамно да си бел и христијанин. Секој обид да поставиш овие прашања, да зборуваш за нетрпеливоста на исламистите кон Европа е казнувано, оквалификувано како говор на омраза.

Секоја манифестација на солидарност со традициите и историјата на европските народи е наречена фашизам. секој отпор против фаталната политика на самозабравилите чиновници, кривично се гони, веќе одат и по куќите во Германија да ги казнуваат за позициите во Фејсбук.

Во името на власта се здружија и леви и десни, за да прават непринципиелен коалиции, само за да го запрат Ле Пен и Хофер. Без да се обидат дури да сфатат за причините зад подемот на националистите, тие создаваат нов Татковински фронт, слепо ги повторуваат клишетата на пропагандата, каде што сите сме еднакви, каде тероризмот нема религија, каде што сите се сакаме и живееме среќно заедно.

И жителите среќни се заедно, еднакви со нас, не убиваат секоја недела. Инаку, Оланд си прави фризура по десет евра на влакно, ако ја разделиме платата на фризерот.

Баросо си зема пензија по 150 000 евра годишно од ЕУ, а потоа почна со работа во Голдман Сакс, со кои заедно ја подготвија измамата со долгот на Грција. Европските судови ги пуштаат Чеченци, даваат нивни засолништа како политички емигранти додека Чеченци се подготвуваат да не дигнат во воздуџ. Виновни нема, се е во ред во обединетата, се повеќе унифицирани и среќна Европа.

Оланд и Меркел, барабар со Јункер, Шулц и Туск, нема потреба да ми објаснуваат кој е мирен муслиман, а кој џихадист. Ниту да ми проповедаат мултикултиризам, продаваат глупости.

Неуспехот е кај нив, не кај нас. Ние сме пропаднати по десетици други теми, но оваа нема потреба да ми нудат низ директиви.