Нападот врз премиерката на Данска „спонтан чин“, напаѓачот осуден на 12 дена затвор

од Nikola Popovski
271 прегледи

Данскиот суд во саботата попладне одредил 12-дневна затворска казна за напаѓачот на премиерката Мете Фредериксен, објавија тамошните државне медиуми, додека полицијата го опиша нападот како „спонтан чин“ без политички мотиви.

На сослушувањето во Окружниот суд во Фредериксберг, полицијата во Копенхаген обвинила 39-годишен Полјак за насилство и закани за напад на лице во јавната служба.

Според извештајот за апсење, постои можност обвинетиот да бил под влијание за време на инцидентот, бидејќи во моментот на апсењето бил отсутен, летаргичен и мрморел.

При прелиминарното рочиште обвинетиот бил придружуван од преведувач. Тој се изјаснил за невин и појаснил дека е „пријатно изненаден“ што ја видел премиерката. При тоа негирал каква било лутина кон неа, додавајќи дека мисли дека таа е „навистина добра премиерка“.

Обвинетиот истакнал дека не се сеќава многу на инцидентот и дека во петокот вечерта излегол во градот да ужива.

Во меѓувреме, премиерката на Данска се обрати до медиумите преку порака на Инстаграм. Таа соопшти дека е добро и им се заблагодарила на луѓето за поддршката и пораките.

„Тажна сум и шокирана од вчерашниот настан, но добро сум. Ми требаше „мир и тишина“ и да бидам со семејството“, објавила таа.

Фредериксен е лидер на социјалдемократите од Данска, најголемата партија во данската коалициска влада. Таа стана премиерка во 2019 година, откако четири години претходно го презеде раководството на партијата на левиот центар. Со тоа таа стана најмладата премиерка во историјата на Данска.

Слични содржини